Зидан пак ќе го боли глава, познато колку ќе паузира Азар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар никако да влезе во форма во Реал Мадрид, па повторно се соочува со нова повреда и долга пауза од терените. Тој против Алавес ја заработи неговата осма победа откако е во Шпанија.

Белгискиот репрезентативец постојано се соочува со повреди, па откако ќе одигра неколку натпревари, веднаш му следи нова пауза, а според новите резултати, тој ќе мора да паузира три недели и притоа ќе пропушти шест натпревари.

Ова значи дека Азар ќе ги прескокне натпреварите со Шахтјор и Менхенгладбах во Лигата на шампионите, како и двата натпревари против Севиља и Атлетико во Примера.

Според она што го пишуваат шпанските медиуми Азар од кога е дојден во Реал поради повреда пропуштил 36 натпревари, а одиграл само 28.