Зидан по победата над Ливерпул зборуваше за љубовта кон Јувентус: Дали ќе одам во Торино? Ќе видиме…


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан оствари убедлива победа од 3-1 против Ливерпул во првиот дуел од четвртфиналето во елитната Лига на шампиони (ЛШ).

Француската легенда веќе некое време се поврзува со преселба во Јувентус, а такво прашање му поставија новинарите и по мечот со Ливерпул.

„Италија ми е во срцето. Минав пет години во Торино и Јувентус ми е важен. Иднина во Јувентус? Засега сум тука, но ќе видиме што ќе се случи“, кажа Зидан.

Зидан го носеше дресот на Јувентус во период од 1996 до 2001 година, кога се пресели во „кралскиот тим“, а за италијанскиот шампион одигра 214 натпревари, постигна 31 гол и освои шест трофеи.