Зидан по распадот од Шахтјор: Нема да поднесам оставка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид играше во нокаут-фазата во Лигата на шампиони веќе 24 години по ред, но сега се соочува со елиминација во групната фаза.

„Кралевите“ по поразот од Шахтјор со 0-2 ќе мора да мислат на последниот меч, каде што им треба победа и ништо друго.

Тренерот Зинедин Зидан никогаш не бил во потешка ситуација, зашто екипата не игра добро ниту во Ла Лига.

„Нема да поднесам оставка. Имавме тешки моменти и претходно. Имам сила и ќе дадам максимум, како и секогаш со фудбалерите. Ова е тежок момент, но мора да го задржиме карактерот и гордоста. И да веруваме во нас“, кажа Зидан.

Зидан кажа дека Реал незаслужено загубил во денешниот натпревар.

„Знаевме дека ова е финале и одлично се подготвивме. Имавме одлично прво полувреме, но не постигнавме гол. Извршивме притисок, ја крадевме топката, создадовме шанси, но не успеавме тоа да го искористиме“, објасни Французинот.