Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Учесниците во нокаут-фазата во Лигата на шампиони се познати, а ждрепката за осминафиналето ќе биде одржана на 16 декември.
Најопасен противник од вториот шешир ќе биде Реал Мадрид, кој во групата А заврши зад ПСЖ со пет бодови помалку.
Тоа значи дека „кралевите“ во првата рунда од нокаут-фазата можат да играат со актуелниот шампион Ливерпул, но тоа не го плаши Зинедин Зидан.
„Ако играме против Ливерпул, ќе ги елиминираме. Што се однесува до ждрепката, не може ништо да направиме“, порача Зидан.
Зидан го водеше Реал Мадрид во Лигата на шампиони до три трофеи по ред во 2016, 2017 и 2018 година, а минатата сезона „кралевите“ ги запре Ајакс.