Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид полека го „спрема теренот“ за лето кога се очекуваат големи промени во овој клуб.
Зидан се одлучи да се врати на клупата со цел да им помогне да го вратат стариот сјај, бидејќи ова беше една од најслабите во претходните десет години за кралскиот клуб.
Францускиот стручњак го прифати повикот од Перез, но јасно им даде до знаење дека морат да му осигураат голема сума на пари, бидејќи јасно е дека мора да направи потполна реконструкција на тимот.
Зидан порача дека покрај останатите засилувања, потребно е и засилување во нападот, односно напаѓач кој може да го замени Карим Бензема.
Но, Кралевите овде не мора да трошат пари, бидејќи на позајмица го имат Раул де Томас кој игра одлично оваа сезона во Рајо Ваљакано. Овој 24 годишник даде 13 голови во Ла Лига оваа сезона и сигурно ќе го сврти вниманието кон себе.
Мадридски АС пренесува дека Зидан е одлучен да му пружи шанса во наредната сезона, но јасно е дека Де Томас мора да се помири со фактот дека ќе биде резерва на Бензема.
Зидан на располагање го има и Мариано Диаз кој летото пристигна од Лион, но се поголеми се шансите дека ова лето ќе го напушти клубот.