Зидан се предомисли: Најпрво ги отпиша, а сега вели дека смета на нив за следната сезона!?

Реал Мадрид го заврши подготвителниот период пред почетокот на новата сезона. По изведување на пенали загубија од Рома, па сега на ред е почетокот во Ла Лига и гостувањето кај Селта Виго следниот викенд.

Иако Герет Бејл и Хамес Родригез цело лето се поврзуваа со заминување од Мадрид, сепак според зборовите на тренерот Зинедин Зидан, тие ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“.

„Хамес и Бејл се дел од нашиот тим. Двајцата фудбалери се регистрирани и секако дека може да ни помогнат, а јас како тренер на Реал Мадрид сметам на нив. Сметам 100%. Хамес не беше повикан за претходните дуели, но тоа може да се промени“, кажа Зидан.