Зидан во големи проблеми пред мечот со Севиља


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид во овој месец го играат првиот официјален меч во оваа сезона против екипата на Севиља.

Реал Мадрид ќе има шанса со освојување на трофеј да тргне во новата сезона во мечот од УЕФА Суперкупот против Севиља. Сепак, тренерот на кралскиот клуб се наоѓа во големи проблеми поради долгата листа на повредени фудбалери.

Зидан во мечот против Севиља нема да смета на Кристијано Роналдо кој е повреден, а слични проблеми имаат Пепе и Тони Крос.

Меѓутоа, Зидан денеска доби вест дека мечот против Севиља може да го пропушти и Герет Бејл. Наводно, Бејл овој меч може да го пропушти бидејќи сеуште не се приклучи на подготовките, и нема да биде доволно физички подготвен.

Покрај тоа, сеуште не се знае дали Карим Бензема ќе биде спремен за мечот. Зидан се наоѓа на големи проблеми пред мечот од УЕФА Суперкупот.