Зидан задоволно трие раце: Реал Мадрид тргнува по ѕвезда на Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов се бори со Барселона за трофејот во Ла Лига, а ги очекува тешка битка до крајот на сезоната, но и покрај тоа шпанскиот гигант размислува за следната сезона и нови засилувања.

Манчестер сити беше суспендиран од УЕФА на две сезони од Лигата на шампиони, па најверојатно ќе си заминат неколку ѕвезди од клубот, а една од нив би можел да биде Кевин Де Брајне.

Токму Реал Мадрид е заинтересиран за Де Брајне, кој ја следи ситуацијата во англискиот премиерлигаш и би можел на лето да тргне по неговиот потпис.

Интересно е тоа што шпанските медиуми пишуваат дека Еден Азар веќе имал улога на „преговарач“ во потенцијалниот трансфер на Де Брајне.