Зидан застана во одбрана на Бензема по аферата во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми пишуваа во претходните денови за аферата која ја предизвикаа Карим Бензема и Менди, кои го озборуваа Винисиус Жуниор.

На полувреме на мечот од Лигата на шампиони против Борусија Менхенгладбах и Реал Мадрид, Бензема и Менди го озборуваа соиграчот, а тоа го снимија камерите.

Денеска за првпат се јави тренерот Зинедин Зидан, кој кажа дека и тој додека бил на теренот правел нешто слично.

„Не мислам дека Винисиус ќе го погодат критиките. Денеска постојат многу камери, повеќе од претходно, но тоа останува на теренот. Секогаш било така. Понекогаш и јас го правев тоа, а исто така ме критикуваа. Винисиус е млад, во Мадрид има иднина“, вели Зидан.