Зијеш се договори со ПСЖ, па во последен момент му пропадна трансферот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хаким Зијеш беше на праг да потпише за ПСЖ, откако ги договори сите услови, меѓутоа неговиот трансфер не се реализираше затоа што клубовите не ги средија документите навреме.

ПСЖ и Челси договорија позајмица до крајот на сезоната, но потоа клубовите не ги подготвија документите, па Зијеш залудно претходно беше и на медицински прегледи.

Француските медиуми пишуваат дека грешка направиле главните луѓе на Челси, а во ПСЖ се лути поради тоа и најавија тужба.

Зијеш ќе мора да остане во Челси до јуни, по што дефинитивно ќе си замине од клубот.