Зинченко лудо го прослави пласманот на Украина на Европското првенство (Видео)

Украина предводена од легендарниот Андриј Шевченко сосема неоечкувано стигна до пласман на Европското првенство на две кола до крајот на квалификациите.

Иако пред  стартот на квалификациите Португалија и Србија беа главни фаворити за пласман на континенталниот собир, Украина успеа да ги изненади и да си го трасира патот на ЕП 2020 година.

По победата над Португалија неверојатна прослава имаше од страна на фудбалерот на Манчестер Сити, Олександар Зинченко.