Зинченко по мечот бакна новинарка, а поради тоа му се смее цел свет! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Украина синоќа на домашен терен ја декласираше Србија со 5-0 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Украинците одиграа одличен меч и ја воодушевија фудбалската јавност. Иако многумина веруваа дека Србија е фаворит, сепак Украин им одржа лекција.

Големи пофалби за настапот доби младиот фудбалер на Манчестер сити, Олександр Зинченко, кој го водеше својот тим до победа и заслужено е избран за фудаблер на натпреварот.

Зинченко беше во центар на внимание додека даваше изјава. Тој ја бакна новинарката на крајот на мечот, која очигледно немаше ништо против тоа, но фудбалерот тоа го направи на навистина смешен начин, па видеото стана хит на социјалните мрежи.