Зошто Бензема игра со крив прст?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карим Бензема веќе долго време игра со завој околу дланката, а главна причина за тоа е малиот прст кој францускиот напаѓач го повреди уште во јануари 2019 година.

Пред мечот од Лигата на шампиони ги интересираше новинарите во каква состојба се наоѓа неговиот прст и зошто не се оперира.

Бензема кажа дека веќе правел операција, но едноставно не можел да чека да се врати на теренот, па тоа ја влошило состојбата.

„Имав една операција и морав да паузирам два месеци. Сакав да се вратам и повторно се повредив. Сега немам време за нова операција“, вели напаѓачот на Реал Мадрид.

Меѓутоа, без оглед на тој хендикеп Бензема одлично се прилагоди и минатата сезона постигна 30 голови за Реал и четири за Франција на Европското првенство.