Зошто Челси не смее да го отпушти Потер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грем Потер нема најдобри резултати со Челси и покрај големиот број засилувања, но делува дека работата му е сигурна.

Челси потроши премногу пари за да го донесе од Брајтон во септември, кога Тод Боели реши да го избрка Томас Тухел.

Боели не смее да го отпушти Потер во моментов затоа што ќе загуби многу пари, односно 55 милиони евра доколку еднострано го раскине договорот.

Покрај тоа, Челси би можел да се најде во сериозен проблем и ако не обезбеди место во Европа, затоа што е познато колку пари добиваат екипите од ЛИгата на шампиони (ЛШ), но и од спонзорските договори.

„Сините“ така ќе мора да тргнат од почеток, но со истиот тренер, зашто поради финансискиот фер-плеј не смеат да си дозволат да го отпуштат Потер.