Зошто Крос е најголема грешка на Баерн, но и на Манчестер јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Тони Крос на крајот на Европското првенство (ЕП) ќе замине во пензија, а ќе замине на заслужен одмор по големиот број успеси кои ги постигна во текот на кариерата.

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус зборуваше за Крос и имаше што да каже за него.

„Продажбата на Крос е најголема грешка која ја направи Баерн Минхен“, кажа Матеус.

Крос беше продаден во 2014 година за само 24 милиони евра, но интересно е тоа што требаше да се пресели во Манчестер јунајтед, но премиерлигашот се откажа од идејата по доаѓањето на Луј Ван Гал.

Ван Гал беше добро запознаен со квалитетите на Германецот, но очигледно сметал дека не е доволно добар за „црвените ѓаволи“.