Зошто никој од Гибралтар не сакаше да го смени дресот со Халанд?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред неколку дена Ерлинг Халанд постигна хет-трик против Гибралтар во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар.

По овој натпревар во кој Норвешка славеше со убедливи 5-1, никој од противничките играчи не сакаше да го смени дресот со Халанд, а причина за тоа е однесувањето на Норвежанецот во првиот меч меѓу овие селекции, кога одби да му го даде својот дрес на капитенот на Гибралтар, кој сакаше да го израдува син му.

„Го игнориравме затоа што тој во март го одби нашиот капитен за размена на дресовите. Рој сакаше да го добие дресот од Халанд поради син му, кој е голем навивач на Норвежанецот, но тој одби. Имаше шанса да израдува мало дете, но не го направи тоа. Поради тоа никој не сакаше да го смени дресот со него во Осло“, велат од репрезентацијата на Гибралтар.