Зошто семејството Шумахер ги крие деталите за здравјето на легендарниот возач?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На 29 декември ќе поминат точно 10 години од страшната несреќа на Михаел Шумахер на скијањето на француските Алпи, по кои никогаш не беше ист.

Информации за здравјето на Шумахер има малку, односно понекогаш се појавуваат нови детали, но неговата сопруга Корина одамна не дава изјави.

Адвокатот на семејството Шумахер, Феликс Дам објаснува зошто е тоа така и го објасни начинот на кој Корина се бори да ја зачува приватноста на Шумахер.

„Сè уште во мојата глава ја имам сликата на голем број новинари кои со денови чекаа информации пред болницата. За да се намаи притисокот, првите детали беа дадени на прес-конференции. Се работи за заштита на приватноста. Се разбира, многу разговаравме за тоа, а исто така размислувавме дали конечниот извештај за здравјето на Шумахер може да биде вистинскиот начин да го направиме тоа“, вели адвокатот.