Зверев се изнервира: Како може Федерер да е пред мене на табелата, а не играше 14 месеци?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Александер Зверев не е воопшто задоволен поради системот за бодување на АТП и поради тоа покажа револт во јавност и побара нешто да се промени.

Зверев праша како може Роџер Федерер да е пред него на АТП-листата, иако Швајцарецот беше надвор од терените дури 14 месеци.

Во моментов Федерер е на шестата позиција со 6.375 бодови, додека Зверев е седми со 5.635 бодови.

„Искрено јас сум најголем фан на Федерер, но тој не играл тенис една година и повторно е пред мене. Од друга страна јас играв Грен Слем финале и Мастерс финале. Навистина овој систем е лош, според мене јас треба да сум помеѓу најдобрите четири или пет тенисери во светот“, вели Зверев.