Ѕвезда на Баерн Минхен во солзи: Репрезентацијата оди на Мундијал, а тој мора да седи дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канада синоќа ја совлада Јамајка со 4-0 и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, каде што ќе игра за првпат по 1986 година.

Ова е огромен успех за Канада и радост за нивните навивачи бидејќи обезбеди пласман на Мундијалот на едно коло пред крајот на квалификациите.

Во селекцијата на Канада синоќа не беше Алфонсо Дејвис, кој е дефинитивно најдобриот фудбалер на репрезентацијата, но левиот бек на Баерн Минхен го следеше мечот од дома.

Откако судијата означи крај на мечот, Дејвис почна да плаче, а тоа го пренесуваше во живо на социјалните мрежи. Тој не можеше да игра поради срцевите проблеми кои ги имаше во претходниот период.