Ѕвезда на Баерн оздраве од корона, па откри дека има проблеми со – срцето!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен пред неколку дена потврди дека Алфонсо Дејвис на почетокот на месецот бил позитивен на ковид-19.

Дејвис не тренираше со екипата веќе некое време, но се очекуваше да се приклучи на тимот во следните денови. Сепак, тоа не се случи поради нов проблем.

Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман потврди дека Дејвис и понатаму е надвор од екипата затоа што има проблеми со срцето.

Баерн потврди дека на Дејвис му е откриен проблем со срцето, односно воспаление на срцевиот мускул, па Канаѓанецот нема да тренира некое време.

Докторите на германскиот гигант ја следат неговата ситуација, а од клубот не сакаат ништо да ризикуваат и на Дејвис му забранија било какви физички активности.