Ѕвезда на Баерн се премисли: Ги остава Баварците и се сели во Ливерпул!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Иако пред месец ипол се шпекулираше дека ќе остане во Баерн Минхен, сепак Тиаго Алкантара се премисли и најверојатно ќе потпише за Ливерпул.

Тиаго ја известил управата на Баварците дека сака нов предизвик во кариерата и дека токму тоа му го нуди Ливерпул, каде што ќе соработува со Јирген Клоп.

Тој додаде дека шест сезони во Бундеслигата се доволен период и дека конечно му треба нешто ново, а најверојатно Ливерпул ќе треба да плати околу 50 милиони евра за неговиот потпис.

Без сомнеж Клоп ќе добие екстра-талентиран фудбалер во средниот ред, зашто Тиаго дефинитивно е играч, кој може да ја подобри играта на Ливерпул.