Ѕвезда на Барселона: Чекаме Меси да се врати на „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона славеше во „Ел Класико“ со 2-1 против Реал Мадрид, по што Серхи Роберто во изјава за медиумите кажа дека го чека Лионел Меси да се врати на „Камп Ноу“.

Роберто испрати порака до Меси, кој вчера доби свирежи од навивачите на ПСЖ, кои не се задоволни од настапите на Аргентинецот.

„Се надевам дека Меси ќе се врати во Барселона, ние го чекаме тука. Тој дефинитивно не заслужува таков третман во Париз“, кажа Роберто.