Ѕвезда на Челси од 115 милиони евра сонува за Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси во изминатите години купи многу фудбалери, но дел од нив не ги оправдаа очекувањата, па затоа се очекува да заминат следното лето.

Еден од нив е белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој пристигна во Челси за 115 милиони евра од Интер, но потоа беше вратен на позајмица во калчолигашот.

Лукаку не сака да се врати во Челси по завршување на позајмицата, а очигледно ниту Интер не планира да го откупи, па сега се отвора можноста да се пресели во Реал Мадрид.

Белгиецот, наводно, сонува за преселба во „кралскиот“ клуб, иако за такво нешто се мали шансите бидејќи Реал го има Карим Бензема во нападот, а Флорентино Перез бара млад напаѓач, односно ги сака Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.