Ѕвезда на ПСЖ ја ограбиле на Ибица!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати на Ибица бил ограбен, откако крадците влегле во неговата вила и украле предмети во вредност од 2,9 милиони евра.

Италијанецот и неговата поубава половина се сместени во вила за која се верува дека е на легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

Верати се венчаше со Џесика во Париз на 15 јуни минатата година, само четири дена откако Италијанецот стана европски шампион.

Љубовниот пар го помина и медениот месец на Ибица, но овој пат нема по добро да го памети одморот.