Ѕвезда на Реал доби прекар „Рамбо“: Ако можам да те повредам, ќе го направам тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во летниот преоден рок успеа да ангажира неколку звучни засилувања, а меѓу нив е германскиот дефанзивец Антонио Рудигер.

Рудигер на самиот старт ги воодушеви навивачите со неговата борбеност на фудбалскиот терен, па на секој меч го остава срцето на теренот.

Германецот стигна минатото лето целосно бесплатно, откако му заврши договорот со Челси, а во интервју за „АС“ кажа дека добил прекар „Рамбо“.

„Да, вистина е. Ме викаат Рамбо. Тој филмски лик е ист како мене. Ако можам да ве повредам, тогаш ќе го направам тоа. Затоа ме викаат Рамбо во Мадрид“, се пошегува германскиот дефанзивец.