Ѕвезда на Реал Мадрид не е кандидат за наградата за најдобар: Тоа е поради моите зборови за парите…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ФИФА во понеделникот ја објави скратената листа со најдобрите фудбалери во светот, а како и обично по секој избор има коментари за тоа кој требало да биде на неа, а кој да го нема. Многумина сметаат дека меѓу кандидатите требало да биде Тибо Куртоа, но на неа го нема голманот на Реал Мадрид.

Куртоа зад себе има многу добра година во Реал Мадрид и дресот во Белгија, но го нема во потесниот избор и тој смета дека е „казнет“ поради една реченица изговорена во октомври.

„Нема да го коментирам тоа зошто не сум номиниран за наградата. Мислам дека тоа е поради мојот коментар од минатиот месец, но така е, нека ја освои наградата кој сака. Индивидуалните признанија не се важни“, кажа чуварот на мрежата.

Куртоа неодамна се замери со моќните луѓе во фудбалот откако кажа дека мечот меѓу Белгија и Италија во Лигата на нации не требало да се игра воопшто, ама се одиграл поради пари.