Ѕвезда на Реал Мадрид се врати на тренинг по осум месеци! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сакашеда му даде поголема минутажа на Марко Асенсио во екипата, но тој се повреди во пријателски меч против Арсенал одигран на турнејата во САД.

Асенсио го очекуваше пауза од девет месеци, но 24-годишниот фудбалер успеа некако порано да се врати на теренот и денеска се појави на тренинг.

„Рехабилитацијата на Марко оди во добар правец. Денеска работеше со топка и постои надеж дека би можел да заигра во некоја фаза пред крајот на сезоната“, велат од клубот.

Асенсио досега за „кралскиот клуб“ одигра 135 меча и притоа постигна 27 голови, а има и 19 асистенции.