Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид играа во недела навечер дерби кое заврши со 1-1 нерешено на „Ванда Метрополитано“.
Работите излегоа од контрола за време во финишот од натпреварот, кога фанови фрлаа предмети кон Тибо Куртоа, што доведе до прекин на играта на повеќе од 15 минути.
Имаше мали расправии меѓу играчите на теренот исто така, од кои една беше меѓу Винисиус и Коке.
Инцидентот се случи откако Бразилецот падна на земја под удар од противникот, но судијата не даде слободен удар.
Коке потоа изгледаше дека го исмева напаѓачот на Реал Мадрид, предизвикувајќи „жешка“ размена на зборови меѓу двајцата играчи.
Тие се соочија еден со друг и потоа играчот на Реал Мадрид му кажа на ветеранот на Атлетико Мадрид дека „има две титули во Лига на шампиони, а тој нема ништо“.
Vinicius to Koke after he tried to start on him:
— TC (@totalcristiano) September 30, 2024
“I have two Champions League, you… nothing.” 😂
pic.twitter.com/Px3R6xYieX