Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид загуби од Барселона со 1-2 во „Ел Класико“ и така речиси ја предаде битката за титулата во Ла Лига, а тоа значи и ремонт на екипата идното лето.
„Кралевите“ играат лошо оваа сезона, а најмногу критики за тоа добива тренерот Карло Анчелоти, кој најверојатно ќе си замине од клубот на крајот на сезоната.
Идното лето се планира напад на потписот на англискиот репрезентативец Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, а се шпекулира дека германскиот тим ќе го пушти својот фудбалер за сума од 125 милиони евра.
Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ, исто така се заинтересирани за услугите на Белингам, но тој наводно побарал трансфер во Реал Мадрид.