Звезда со доста маки до третото претколо од ЛШ


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Фудбалерите на Црвена Звезда остварија вечерва на домашен терен победа во реванш дуелот од второто претколо од квалификациите за ЛШ.

Звезда вечерва со 2:1 во Белград беше подобра од Валета и така осигура пласман во третото претколо од ЛШ.

После победата во Малта со 2:1, црвено-белите и вечерва со истиот резултат беа подобри од својот противник.

Сепак, не почна се така убаво за домаќините бидејќи гостите во 11 минута ја замрзнаа Маракана.

Џонатан асистираше, а мрежата на Звезда ја затресе Каруана. Звезда после тоа со сите сили тргна во напад што им се исплати во 30 минута кога Доналд израмни на 1:1.

Белградската екипа во самиот финиш на натпреварот ги реши сите дилеми кој оди понатака кога за победа на Звезда погоди Катаи.

Црвена Звезда во третото претколо од ЛШ ќе ги одмери силите против Лудогорец.