Звезда во продолженијата падна пред Бугарите, Динамо се пласира во плеј-офот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Црвена звезда, испаднаа во третото коло од претколото на ЛШ.

Звезда се надеваше на плеј-оф од ЛШ и можеби дури во групната фаза, но Лудогорец во двата меча ги надмудри црно-белите.

После 2:2 во првиот натпревар, во преполната Маракана Звезда добро почна, поведе преку голот на Даглас со 1:0, но тогаш Лудогорец преку Кафу и Вандерсон стигна до пресврт.

На полувреме резултатот гласеше 2:1 за гостите, кои играа без исклучениот Пластун, додека Канга на полувреме кај Звезда доби црвен картон.

Во 62 минута пеналот за домаќините го искористи Ибанез и ги враќа работите на почеток.

Бугарите со головите на Вандерсон во 92 и 97 минута стигнаа до победа и пласман во плеј-офот.

Звезда во петок ќе го дознае ривалот во четвртото претколо од ЕЛ.

Во другите мечеви Динамо славеше во Тбилиси против Динамо со 1:0, Карабак одигра со 1:1 против Плзен а тоа беше доволно за чесите да се пласирааст во плејофот.

АПОЕЛ со доста маки дури во судиското продолжение го скрши отпорот со Розенборг и од 91 до 99 минута постигна три гола и ја анулираше негативата од Норвешка од 1:0.

Дундалк од Ирска славеше со 3:0 против БАТЕ и се пласира во плеј-офот од ЛШ.