Ѕвездата на Турција револтирана: Ја расплакавте мојата мајка

Играчот од средината на репрезентацијата на Турција, Арда Туран, трпи бројни критики поради неговите настапи на Европското првенство.

Навивачите на Турција не се задоволни од она што го прикажува Турна, а посебно негодуваа после поразот од 3:0 во натпреварот против Шпанија.

Туран порача дека тој успеал да остане мирен на критиките, но откри дека навивачите ја расплакале неговата мајка.

“Се обидов да не заплачам и успеав. Сепак, навивачите ја расплакаа мојата мајка. Во натпреварот против Чешка се боревме за нашата држава и чест, заслужено победивме“- изјави Туран.