„Ако Балотели беше како Ибра, ќе освоеше пет Златни топки“

    Најпознатиот светски фудбалски менаџер Мино Раиола во разговор за za Il Giornale истакна дека Марио Балотели ќе освоеше пет Златни топки ако го имаше менталитетот на Златан Ибрахимовиќ.

    Раиола е менаџер на двајцата фудбалери и секако е компетентен да повлече паралела меѓу Балотели и Ибрахимовиќ.

    „Балотели е феномен кој имаше среќа да го усвојат прекрасни луѓе. Многу страдал како дете, немал среќно детство и се тоа се одрази на неговиот ум. Знаете дека е немирен духот и многумина сакаат да речат дека е луд, но јас не можам да бидам лут на него. Можеше повеќе, но тоа е она што е“, рече Раиола, и додаде:

    „Да беше како Ибрахимовиќ, ќе освоеше пет Златни топки. Балотели е можеби и поталентиран од него, но сеуште не е доцна да ги достигне светските височини“.

    Балотели во ова лето стигна во Ница за кој во првите четири натпревари постигна пет погодоци.