„Ако ПЛ е готова за нас, тогаш е и за другите!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Венгер смета дека трката за шампион на ПЛ сеуште не е решена, и покрај големата разлика на Челси во однос на другите тимови.

„Никогаш не е готово. Барем ние не смееме да се однесуваме така. Дури и ако вие мислите така, јас не мислам. Ако првенството е завршено за нас, тогаш така е и за останатите екипи. Бидејќи, сите сме тука некаде.“

Французинот смета дека разликата на Челси е тоа што тој тим не игра во Европа.

„Мора да оддржуваме разлика, бидејќи не се знае никогаш… Можеби ќе успееме да ја намалиме разликата во однос на Челси. Со тоа дека Челси нема натпревари во Европа, затоа и се во толку добра позиција.“

На табелата во ПЛ, Челси е лидер со 59 бодови додека Арсенал има 12 бодови помалку.