Ако Челси ја изгуби титулата, тогаш виновникот е веќе познат!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите чекаат да замине, а повторно во него гледаат расплет на сезоната.

Бројките не се задоволувачки, по караницата со Конте, па шпекулациите дека ќе замине во Кина.

Во првиот дел од сезоната Коста постигна 14 головј и 5 асистенции. Им создаваше на соиграчите по 1.5 шанса на натпревар. А потоа се случи јануарскиот преоден рок, иако се зборува дека караницата се случила откако Коста му соопштил на Конте дека сака да замине.

Од тогаш, се врати во тимот, даде само 3 голови, нема ниту една асистенција. Сега постигнува гол на секои 328 минути, а создава по 0.2 шанси по натпревар.

Одиме понатаму, директно донесе 11 бодови до јануари, а од тогаш само 2 бодови.

Дури во Челси се плашат дека Кинезите се откажале, но тие не се грижат за статистиката, туку сакаат да го донесат Коста за неверојатна сума.

Од друга страна, предноста на Челси се намали во однос на Тотенхем и на нив им е очајнички потребен Коста да проработи во завршницата од сезоната.

Во ½-финале против Тотенхем, од Коста се очекува повеќе од караница со стоперите на Тотенхем. Тој не е во тимот на лигата, а Кејн е таму, па Конте го загрижуваат повеќе работи.