Ангеловски остана без еден од своите најдобри репрезентативци

Искусниот репрезентативец Иван Тричковски кој се наоѓа во извонредна форма по се изгледа ќе ги пропушти натпреварите од Лигата на Нации против Лихтенштајн и Ерменија поради повреда.

Играчот на АЕК Ларнака се повреди на последниот натпревар на неговиот клуб против Ермис во кипарското првенство истегнувајќи го задниот мускул на ногата.

Денес и утре ќе бидат направени детални прегледи и точно ќе се знае дали Тричковски ќе може да помогне на натпреварите кои се од клучно значење во новоформираната Лига на Нации каде Македонија е на врвот во групата 4 во рамките од Д Лигата.