Англичаните сложни: Пеп ги разочара сите?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Никој не кажа дека ќе биде лесно, но во секој случај од Шпанецот се очекуваше повеќе.

Новата година можеби е шанса на некој начин да се има впечаток, иако станува збор за кратко време.

Манчестер Сити доцни зад Челси 10 бодови, моментално се 3-ти, а многу одлуки на Гвардиола предизвикаа критики.

На Гвардиола му се замерува за изборот на играчи во одбрана, доаѓањето на Браво е оценето како промашување, а многу критики имаше за изборот на Коларов како стопер.

Ниту младите играчи по ветувачкиот старт не ветуваат, Стерлинг игра лошо, Гундоган се поверди, а засилувањата како Нолито и сега не добиваат шанса.

Да не беше повредата на Гундоган не би бил рехабилитиран Јаја Туре, но Сити не влева доверба, премалку играчи може постојано да играат на високо ниво.

Покрај тоа, летните трансфери делуваат лошо, ќе го споменеме Сане, но пред се Стоунс кој по добриот почеток му падна формата.

Оцената е дека овој тим има потреба од многу пари за на Гвардиола да му ги донесе работите кои ги сака, но од друга страна, тешко ќе биде да се ослободи од некои играчи кои имаат договори и примаат големи плати.

Управата се надеваше на борба за титулата, а сега тоа не изгледа така, Челси има 10 бодови предност и тоа не е мала разлика.

Досегашното постигнување на Гвардиола покажува дека патот е долг, дека ќе има многу проблеми и иако тој нема притисок веднаш да ја освои титулата, сепак не изгледа дека Сити оди во добар правец.