Андерсон одбил да се врати во Англија, познат и клубот кој бил заинтересиран

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Андерсон ја одбил можноста да се врати во Англија.

Андерсон некогаш беше познат како играч кој би можел да има богата кариера, но 28-годишниот играч кој напредуваше во Греми, не ги исполни очекувањата и кариерата му тргна во друг пат.

Поранешниот играч на Порто и Манчестер Јунајтед во моментов настапува за бразилскиот Интернасионал и имал понуди од Англија и Кина. Но, тој ги одбил, поточно Мидлсброу, а не го интересирале и кинески пари. Исто така, се наведува дека одбил понуда и од Брага.

Тој во дресот на бразилската репрезентација запиша осум настапи, а во Манчестер Јунајтед играше многу години и постигна пет гола.