Андре Силва пристигна во Италија да го комплетира трансферот со Милан

21 годишниот напаѓач Андре Силва пристигна во Италија за да го комплетира 40 милиони евра вредниот трансфер во редовите на Милан.

Португалскиот интернационалец потпишува четиригодишен договор со Росонерите и ќе биде нивно четврто засилување по Мусакио, Родригез и КЕси.

Младиот напаѓач постигна 16 погодоци минатата сезона во дресот на Порто, а веќе има седум голови во репрезентацијата на Португалија откако го имаше своето деби во септември 2016 година.