Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал верува дека може да го донесе одличниот дриблер Рашид Гезал.
Со донесувањето на Депај, тоа би требало да значи дека Рашид Гезал е на продажба.
Медиумите пишуваат дека за таа опција сериозно размислува Арсен Венгер.
Ова не е прв случај одличниот дриблем да се поврзува во врска со Арсенал во медиумите, а се случуваше тоа и во претходните преодни рокови.
Гезал летово беше на прагот на Евертон, а тие одвоија 12 милиони фунти за трансферот и биле подготвени да му дадат плата од 100.000 фунти неделно, но сепак тој трансфер не се оствари.
24-годишниот играч има уште неколку месеци договор со Лион, а не делува дека ќе дојде до продолжување на соработката затоа што е донесен Депај од Јунајтед, па така ова би можела да биде последна шанса за негова продажба.
Може да се очекува и нов напад на Евертон, но ќе видиме во наредниот период што ќе се случи.