„АС“: Ракитиќ си договори трансфер, но има еден проблем!?

Шпански „АС“ пишува дека Иван Ракитиќ има договор со Интер, каде што треба да се пресели наредното лето, но тренерот Ернесто Валверде не е сигурен дали сака да го пушти да замине од Барселона.

Валверде и понатаму го гледа Ракитиќ како важен член на првиот тим, иако го ангажираа Френки де Јонг од Ајакс, а планираат да го донесат и Адриен Рабио од ПСЖ.

Трансферот на Ракитиќ во Интер е далеку од реализација, но желба постои, а тоа го потврди и италијански „Тутоспорт“, кој вели дека наскоро ќе има состанок на оваа тема.

Интер наводно му нуди 6,5 милиони евра на Ракитиќ, кој добива пет милиони во Барселона.