Ашковски со нов гол ја продолжи одличната форма од оваа сезона (видео)

Македонскиот интернационалец во дресот на Фортуна Ситард, Стефан Ашковски продолжува со одличните партии во овој холандски второлигаш.

Неговиот тим победи на гостувањето против Ос, а победничкиот погодок го постигна токму Ашковски во 81. минута. Претходно домаќинот имаше предност со голот на ван дер Вене во 33. минута, а десет минути подоцна Шурс го изедначи резултатот.

Ова е вкупно 12 гол за Стефан Ашковски во дресот на Фортуна Ситард каде што е најдобар стрелец оваа сезона.

Во тимот на Додрехт  во натпреварот против Ден Бош пак по 90 минути одиграа Антонио Станков и Денис Махмудов останатите македонски интернационалци во втората по квалитет лига во Холандија.