Бабунски асистираше – Јокохама и Албирекс одиграа реми!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Рано утринава беше одигран натпреварот во јапонската лига помеѓу Јокохама и Албирекс.

Нашиот репрезентативец Давид Бабунски го одигра цел натпревар, а во 33-та минута беше асистент на единствениот гол за домаќините на оваа средба.

Тој му асистираше на Мартинус за водство на домашниот тим од 1:0, но само 7 минути подоцна Рони израмни на 1:1 и така остана резултатот до крајот на натпреварот.

Иако домаќините имаа повеќе шанси, сепак не успеаа да направат нешто посериозно.