Барселона има уште 15 денови да донесе бек, еден кандидат е идеален од избор помеѓу 8 фудбалери!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Претходните денови се шпекулираше дека Касерес, Мајкон или Босингва како слободни фудбалери ќе дојдат во Барселона, но сега тие имаат поинакви планови.

Барселона има уште 15 денови да донесе замена за повредениот играч до крајот на сезоната, но тоа мора да биде од домашното првенство.

Секако дека најдобро засилување би бил Кансело чиј трансфер во лето е сигурна работа, а можеби тоа ќе се случи и некој месец порано.

Медиумите одвоија 8 потенцијални кандидати кои до крајот на февруари би можеле да потпишат за Барселона.

Кансело вреди 30 милиони евра и тој во моментов е најдобро решение.

Покрај него, тука се уште и Марио Гашпар и Рукавина од Виљареал. Како и Капа, Кастро, Маљо, Росалес и Маседо.

Да потсетиме, крајот на февруари е краен рок за регистрација за еден од споменатите фудбалери.