„Барселона мора да победи во Ел Класико“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Големото дерби во Примера денес на „Камп Ноу“ ќе го одиграат Барселона и Реал Мадрид.

Покрај овој натпревар зборуваше и поранешниот играч на тимот, Луис Гарсија кој изјави дека Барселона мора да победи во овој натпревар.

„Ова е најверојатно најважниот натпревар во светот на фудбалот. Сите ќе го гледаат. За двете екипи и нивните навивачи овој натпревар е многу важен. Реал Мадрид е моментално 6 бодови пред Барселона и домаќините мора да направат се за да ги освојат 3-те бодови.“

Тој исто така ја искористи шансата да го пофали Луис Енрике од едната и Зинедин Зидан од другата страна.

Натпреварот започнува од 16:15.