Барселона на „валкан“ начин се обиде да ја добие војната против Реал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера објави дека е прв во историјата кој ја преминал бројката од 100 милиони фанови на фејсбук.

Реал стана првиот спортски бренд кој стигнал до бројката од 100 милиони фанови.

Само неколку часови подоцна, нивниот лут ривал Барселона објави дека и овој клуб ја преминал истата бројка.

Но медиумите пренесуваат дека Барселона на „валкан“ начин се обиде да стане првиот тим во историјата на кој му успеало тоа.

Иако на сите начини се обидоа да го сопрат Реал, сепак тоа не им успеа. Барселона испрати пораки на своите фанови на фејсбук да ги повикуваат своите пријатели да ја следат нивната страница на друштвената мрежа.