Бас Дост кариерата ја продолжува во Англија?

Бас предходното лето одлучи да ја продолжи неговата кариера во Спортинг, каде што имаше успешна сезона.

Холандскиот напаѓач во 31 натпревар во дресот на Спортинг постигна 34 гола и заврши веднаш после Лионел Меси кој ја освои Златната Копачка.

Бас Дост е мета на многу Англиски клубови, а интерес покажа и Њукасл кој набрзо се врати во ПЛ.

Њукасл веќе има официјална понуда со 40 милиони евра за овој 28 годишен напаѓач, но сепак јасно е дека Спортинг не сакаат лесно да го дадат најдобриот напаѓач.

Португалскиот клуб ја одби понудата, и беше порачано дека холандѓанинот може да си оди од клубот само ако е активирана неговата откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра.