Бенатија откри неверојатна информација за враќањето во Италија

    Мехди Бенатија, стоперот на Јувентус, рече дека Милан сакаше да го доведе во своите редови.

    Во пресрет на големото италијанско дерби меѓу Милан и Јувентус, стоперот на Старата дама тврди дека Винченцо Монтела го повикал на Сан Сиро.

    „Се вратив во Италија бидејќи ми недостасуваше се – од капучино до атмосфера“, рече Бенатија, а некогашниот стопер на Баерн потоа зборуваше и за повикот од Милан.

    „Монтела е одлична личност, ме контактираше, чекаше превземање од страна на кинеските инвеститори, но немав стрпение, па тргнав во Јувентус“.

    На крајот го прогнозираше резултатот од дербито: „Јуве ќе го добие со 2:0“, додаде оптимистичен Бенатија.