Беше на радарот на Јувентус, заврши во Аталанта!

Чуварот на мрежата во кого Старата дама го виде како наследник на легендарниот Џиџи Буфон, се сели во Бергамо.

Голманот на Астон Вила Пјерлуиџи Голини е најнова аквизација на италијанска Аталанта.

Голини во летото стигна во Бирмингем од Хелас Верона, но со партиите во Чемпионшип го привлече вниманието и на шампионот на Италија Јувентус.

Имено, во управата на Бјанконерите во него видоа потенцијален наследник на Џанлуџи Буфон, и сакаа да му понудат соработка.

Италијанскиот голман го напушти Бирмингем, но не се пресели во Торино веќе во Бермаго, каде што ќе игра како позајмен играч од Астон Вила.