Блескави партии на Аргентинецот во Серија А: Севиља веќе спреми понуда, се чека реакцијата од Милано?!

Аргентинскиот интернационалец, Родриго Де Паул игра фантастична сезона во дресот на Удинезе во Серија А.

Во дресот на „Зебрите“ постигна шест погодоци и запиша три асистенции на 13 настапи, па со своите блескави парии го привлече вниманието и на селекторот на „Гаучосите“, кој му даде шанса на три пријателски меча.

Освен Скалони, неговите добри игри беа забележани и од страна на скаутите на бројните екипи, а шпанска Севиља веќе и подготви понуда за неговите услуги.

Андалужаните летово се обидуваа да го донесат за седум милиони евра, не успеаа, сега се подготвени да дадат 16 милиони за Де Паул, што е понуда која без сомнеж ќе биде интересна за управата на клубот од Удине.

Тој веќе настапуваше во Шпанија, го носеше дресот на Валенсија на 44 натпревари во Примера, а освен Валенсија за неговите услуги се заинтересирани и миланските ривали, па се чека реакцијата на Интер и Милан на понудата од Севиља.